За многумина пајаците се едни од најстрашните суштества што некогаш би можеле да ги сретнете. Без разлика дали се работи за нивната големина, осумте нозе или многуте очи, пајаците знаат да предизвикаат кошмари кај некои луѓе.

Моник Фогарти патувала по паркот Тугерононг во Австралија со 100 км на час кога забележала голем пајак како излегува од позади ретровизорот.

„Писнав колку што ме држеше гласот, но знаев дека мора да останам смирена затоа што возев многу брзо“ објасни Моник.

Нејзината мирна реакција можеби била и поради нејзината „блискост со пајакот“. Фогарти додаде дека го видела неколку пати во последните месеци:

„Го имав видено пајакот неколку пати изминативе месеци, но тој секогаш успеваше повторно да се скрие“.

Фогарти го сподели инцидентот во Фејсбук група за „идентификација на пајаци во Австралија“, по што доби низа реакции.

Некои велеа дека оваа ситуација би била нивниот најголем кошмар, од друга страна некои го сметаа пајакот за симпатичен.

И покрај се можеме да кажеме дека ако живеете во Австралија, добро би било да го проверите автомобилот пред да тргнете на пат.