Верувале или не, ние поминуваме 1/3 од животот спиејќи. Затоа може да кажеме дека начинот на кој спиеме има силно влијание врз нашето здравје и, изненадувачки, нашиот карактер и навики. И да, можно е да станете „на лева нога“.

Според студијата на Слумбер Облак, страната на креветот на кој спиете влијае на вашиот карактер. 2000 граѓани на САД учествуваа во истражувањето и, како резултат, беа добиени интересни информации.

Што кажува страната на креветот на која спиете

Студијата покажа дека луѓето кои спијат на лева страна сакаат стара музика и драматични филмови. Од друга страна оние кои спијат на десна страна сакаат рок музика и нивниот избор за филмски жанр е акција.

Позиција за спиење: грб

Карактер: Ако спиете со спуштени раце, вие сте сталожени и смирени, а ако рацете ви се кренати над глава, сие сте опуштена личност со отворен ум. Имате високи стандарди не само за себе, туку и за другите. Луѓето ве ценат поради вашите вештини за слушање.

Здравје: Можеби имате болка во долниот дел на грбот, а оваа позиција на спиење може дури и да ја влоши. Покрај тоа, ако имате тенденција да ‘рчите, спиењето на грб можеби не е добра идеја. Сепак, има и некои придобивки. Вие немате болка во вратот, бидејќи ‘рбетот, вратот и главата се во неутрална положба.

Позиција за спиење: стомак

Карактер: Вие сте уникатна личност. Имате висока самодоверба, но понекогаш може да бидете прилично затворени и да ги чувате работите за себе. Исто така, не сакате да ве критикуваат.

Здравје: Веројатно забележувате дека се будите со брчки наутро. Не е изненадување што оваа позиција е најдобра за добивање на брчки. Веројатно страдате и од болка во вратот затоа што оваа позиција прави голем притисок врз нервите.

Позиција на спиење: странично

Карактер: Ако спиете во фетус положба (колената приближени до градите) вие сте силни однадвор, но длабоко во вас сте ранливи. Ако само спиете на страна со рацете близу до телото, вие сте дружељубиви и наивни.

Здравје: Можно е да не ‘рчите ноќе затоа што страничното спиење ги одржува дишните патишта отворени. Сепак, понекогаш може да имате отежнато дишење, особено ако имате проблеми со срцето