С состои од 24-часовно постење, т.е. консумирање само на течности во периодот кога Месечината навлегува во нова фаза. Месечината преминува низ 4 фази: млада месечина (кога не може да се види на небото), прва четвртина (околу 6 дена по младата месечина), полна месечина (кога на небото се гледа како полн круг) и последна четвртина.

Најчесто се практикува придржување кон диетата 2 пати месечно – кога Месечината е полна и кога Месечината е млада. Но, вие можете да си изберете да ја држите само еднаш месечно. Ако се одлучите за еден ден месечно, препорачливо е тоа да биде на млада Месечина. За време на диетата се препорачува да испиете 2-4 литри течност, а најдобро е тоа да биде вода. Дозволена е и консумацијата на чаеви без шеќер. Кога ќе почувствувате глад, направете си домашен сок од овошје или зеленчук, без дополнително да го зачинувате. Купените сокови често содржат скриени шеќери, па избегнувајте ги. Не треба да се консумира млеко, а исто така забранет е и алкохолот.

На интернет може да најдете безброј месечеви календари како на пример овој.