Стара поговорка вели: “Најди нешто што сакаш да го работиш и најди начин како да бидеш платен за тоа”. Иако истата звучи како фантазија и малку невозможно во денешницата, сепак постојат неколку работи кои сите секојдневно ги правиме, а еве за кои од нив вусшност можете да бидете и платени.

1. Возење низ водени тобогани

Вообичаено големите хотели или туристички компании можат да вработат некој што би ги испорбал водените тобогани, за да се тестира безбедноста, но и колку е забавно.

2. Гледање телевизија

Популарнот американски Интернет провајдер, Нетфликс им плаќа на луѓето да ги гледаат филмовите и документарните емсии и се што треба е изгледаната содржина да ја тагирате во соодветната категорија.

3. Водење на бинго турнир

Најчесто на казината кои организираат различни забавни турнири каде главната награда е вушност парична, им е потребен менаџер за раководење на ваквите игри.

4. Пробување нови гуми за жвакање

Постојат т.н експерти за гуми за жвакање кои им помагаат на прехрамбените компании успешно да ги тестираат и испорбаат новите видови и вкусови на гуми за жвакање.

5. Јадење чоколади

Прекумереното јадење чоколади, нормално се смета за нездраво, но можете да бидете платени да дегустирате чоколади. Дегустаторите не се прејадуваат, туку пробуваат мали примероци од дадениот производ.

6. Фотографирање и продавање на фотографиите на веб-сајтови

Многу луѓе обожаваат да фотографираат се околу себе, но најчесто тоа го прават од забава. Но, има начин од ова хоби и да се заработи, со самото продавање на вашите фотографии на посебни веб-сајтови.

7. Присуствување на свадби и други свечени настани

Ова најчесто го бараат луѓе кои организираат големи свадби и прослави, но им недостасуваат луѓе. Па, така ако обожавате да се забавувате на свадби и слични настани, ова е идеалната професија за вас.

8. Купување храна за други луѓе

Многу луѓе се зафатени или едноставно не можат сами лично да отидат до маркет и да ги купат потребните производи за домот. Затоа, најчесто плаќаат некој да го направи тоа наместо нив.

9. Спиење

Зар може полесно од ова? За научни истражувања, тестирање кревети, специјални уметнички изложби, бројни се проектите на кои може да “работите” со тоа што само ќе спиете.

10. Слушање музика

Постојат неколку компании како Slicethepie, MusicXray и слични, кои ги плаќаат луѓето да слушаат музика и притоа можете истото да го правите додека сте дома и ги извршувате домашните обврски.

11. Слабеење

За научни истражувања или изнаоѓање поефикасни методи, неколку компании плаќаат таргетни групи од луѓе чија задача е едноставно да се придржуваат до некоја фитнес рутина во текот на денот.

12. Да бидете нечиј привремен пријател (па дури и член на семејство)

На светот има многу осамени личности кои се спремни одвојат финансиски средства и да платат некому да им прави друштво.

Бонус: Грижа за ежови

Ежот стана популарно милениче на луѓето ширум светот, но постојат и неколку организации за заштита на животните кои вработуваат луѓе да се грижат за ежовите во нивната природна средина.