Доколку обожавате компири, особено чипс, но сепак внимавате на вашата фигура, тогаш следниот златен рецепт е совршениот за вас! Станува збор за диетален чипс кој се приготвува многу лесно, со многу малку сол, а без капка масло!

Домашен чипс

Вкупно време10 минути
Оброк: Прилог
Кујна: Француска
Клучни зборови: компир, чипс, диетален чипс, домашен чипс
Порции: 4

Состојки

  • 2-3 средно големи компири
  • Колку сакате сол
  • По желба зачини

Начин на подготовка

  • Измијте и излупете ги компирите. Исечете ги на кругови или тенки парчиња, колку што е возможно потенки. За оваа цел може да употребите лупилка или ренде. Важно е да се со еднаква дебелина за да се приготват во исто време.
  • Поставете еден ред од компирите врз хартија за печење. По желба врз истите може да нанесете сол и зачини. Вклучете ја микробрановата печка на 700W и поставете ги компирите внатре да се печат 3-5 минути. Времетраењето зависи од јачината на вашиот уред.
  • Веднаш штом ќе забележите дека површината на компирите станува лесно златна, исклучете ја микробрановата и извадете го чипсот и поставете го врз хартија или салфетка. Така парчињата компир ќе станат крцкави.