Парадентозата е болест на забното месо, која се развива полека: поради неправилна исхрана, недоволна хигиена на устата, а исто така големо влијание има и наследниот фактор. Почетнит знак за парадентоза е повремено крварење на непцето при миење на забите, како и воспалување на непцата. Не мора да значи дека секое крварење на непцата претставува парадентоза, но сепак доколку тоа се случува често треба да се консултирате со стоматолог. Овој домашен лек ќе Ви помогне да го спречите крварењето на непцата од било која причина.

Ѓумбирот е многу здрава состојка која се користи во повеќе домашни лекови. Затоа потребно е само да земете сушен ѓумбир во прав и да го размачкате со јазикот по непцата. Правете го ова секој ден, по секое јадење, особено ако не сте имале можност веднаш да ги измиете забите. Задолжително користете ѓумбир откако ќе ги измиете забите и пред спиење.

Одлично ја дезинфицира слузокожата, ги чисти и ги зацврстува непцата. Ќе имате значително посвеж здив, а наутро непцата нема да Ви крвават. Ова е ефикасен лек и за афти.