Доколку малку обратите повеќе внимание во модните списанија, ќе забележите дека постојат разни козметички производи, за кои е потребно да одвоите речиси богатство за да ги купите.

Притоа, најчесто нивниот ефект иако е загарантиран, во реалност резултатите не се толку моќни.

За разлика од козметичките производи, кои содржат витамини, кои за краток временски период ги губат нивните својства, активните витамини кои се наоѓаат во свежата храна, нашата кожа веднаш ги апсорбира.

Во продолжение откријте го неверојатно лесниот метод благодарение на кој, на природен начин може да се ослободите од здодевните брчки и да ја подмладите вашата кожа.

Домашна маска со моќен подмладувачки ефект

Потребни состојки

  • 1 кафена шолја вода
  • 3 кафени лажици ориз
  • 1 кафена лажица мед
  • 1 кафена лажица пресно млеко

Начин на подготовка

Исипете 3 кафени лажици ориз во мало тенџере и покријте со вода. Откако водата ќе започне да врие, намалете го оганот и оставете ја смесата 10 минути да отстои, додека оризот не се свари.

Отстранете го тенџерете од оганот и оставете ја смесата да се излади, а потоа поставете ја истата во стаклен сад. Додадете 1 кафена лажица мед и 1 кафена лажица топло млеко.

Добро измешајте ги сите состојки заедно до добивање на една добро соедината паста.

Начин на употреба

Измијте го вашето лице со вода. Нанесете ја домашната маска и со нежни кружни движења, масирајте ја кожата.

Оставете ја маската да дејствува 15 минути, а потоа исплакнете со топла вода. Нанесувајте ја оваа маска еднаш неделно, а резултатот ќе ве изненади!

Придобивките од оризот

Оризот е чудесен избор на антиоксиданти, кои го поттикнуваат производството на колаген, се борат против брчките и последиците од изложеноста на сончевите зраци.

Со други зборови, природните својства на оризот значително ја подмладуваат кожата, при што истата станува мазна и беспрекорна.