Британските медиуми денес веќе масивно ја споделуваат емотивната изјава на славниот пејач, а во продолжение прочитајте како тој се збогува со фановите и реши да се повлече од музичката сцена:

„Како што можеби или не знаете, веќе повеќе од две години сум на турнејата „Divide“ и ова е последниот ден од целата работа. Има нешто многу горчливо во врска со тоа. Обожавам што сите вие сте овде и завршуваме во Ипсвич. Ова е мојата последна свирка.

Настапувавме низ целиот свет. Гластонбери, стадионот Вембли, сите овие неверојатни места, Америка, Нов Зеланд, Австралија, Азија, Јужна Америка – се чинеше толку диво. Ми беше кажано пред да да ја започнам турнејата, дека ќе настапвам пред девет милиони луѓе низ целиот свет. Тоа е најголемата турнеја досега“- вели Ед.

Потоа тој емотивно продлжува: „Беше емотивен ден за многумина зад сцената. На еден чуден начин се чувствуваш како да раскинуваш со твојата долгогодишна девојка. Звучи чудно, но се работи токму за долга турнеија.“

Пресоблекувајќи се во својот дрес од фудбалскиот тим во на Ипсвич Ед се врати на сцена и низ солзи рече: „Ова е фудбалски дрес на Фрамлинхам. Јас сум од Фрамлингам. Сафолк е мојот дом. Јас сум многу среќен што ја завршив оваа турнеја овде.

Сакам да кажам благодарам на сите за оваа турнеја. Ви благодарам на сите што ми дадовте шанса. Ова е мојата последна песна. Ја напишав кога имав 15 години. Се гледаме за неколку години. Благодарам“