Сонцето е пријател на нашето здравје и со негова помош би можеле да си помогнеме во лекувањето на доста заболувања. Сончањето е често препорачано под одредени здравствени проблеми и неговата лековита сила е докажана од научници и лекари.

Во последните години се зборува многу за штетата на сончевите зраци, опасноста од изгореници и односот на ултравиолетовите зраци со ракот на кожата. Така е кога се претерува со изложувањето на сонце, тоа носи ризици за здравјето, но ако сме разумни и внимателни, сончевите зраци ќе ни помогнат во спречувањето на многу болести.

Сончањето помагаат против кожни болести

Умереното сончање помага во лекувањето на некои кожни проблеми како псоријаза, акни, егзема, габични инфекции на кожата.

Сонцето ги убива лошите бактерии

Германските војници во Првата светска војна знаеле за апликацијата на светлинската терапија и ги користеле сончевите зраци, за да се дезинфицираат и да ги лекуваат повредите од битките.

Ги намалува болестите на срцето

Според британско истражување луѓето умираат од срцеви заболувања почесто во зима отколку во лето. Според научниците, тоа се должи токму на пониските нивоа на витамин D во организмот во текот на студените месеци. Докажано е исто така, дека нивото на холестерол се креваат повторно во текот на зимата, а летно време се намалува, како една од причините повторно се повисоките нивоа на сончевиот витамин во организмот.

Сончевите зраци го намалуваат крвниот притисок

Дури едно изложување на сонце има позитивно влијание врз луѓето со висок крвен притисок и им се одразува позитивно. Затоа, ако имате висок крвен притисок, изложувајте се барем еднаш на ден за кратко на сонце, но мора да внимавате да не е во најжешките часови – меѓу 12 и 16.

Го намалува ризикот од рак

Звучи малку парадоксално, имајќи предвид дека сонцето може да е причина за појавата на ракот на кожата, но исто така може да влијае позитивно и да го намали ризикот од појава на други видови на рак. Повторно благодарение на витамин D, луѓето кои редовно се изложуваат на сонце, без да претеруваат, се помалку загрозени од рак на дебелото црево, дојка.. тврдат научниците.

Го зајакнува имунолошкиот систем

Сончевите зраци го засилуваат производството на бели крвни зрнца, кои се одговорни за зајакнување на имунолошкиот систем и воспалителни процеси во телото.

Сонцето лекува депресија

Кога деновите се сончеви, тагата исчезнува. Сонцето помага во производството на серотонин (хормон на среќата), затоа под влијание на сонцето луѓето се весели. Според статистичките податоци, во земјите каде што сонцето сјае помалку, има многу повеќе луѓе со депресија. Сончевите денови провоцираат луѓето да се движат, а тоа е уште еден предуслов да се ликвидира депресијата.

Сончевите зраци ги ублажуваат симптомите на Алцхајмеровата болест

Клиничките истражувања меѓу пациентите болни од Алцхајмерова болест, покажува дека оние кои биле редовно изложени на сонце секој ден во часовите помеѓу 9 часот наутро и 18 часот попладне, покажале подобрување во состојбата во однос на пациенти кои не биле изложувани на сонце.