Денешната приказна е вистинско чудо и доказ дека не постојат граници кога станува збор за човечката способност. Херојот на приказната се вика Емануел Кели, кој пред 20 години се родил во Ирак.

Точниот датум на неговото раѓање не е познат, бидејќи откако биле родени со неговиот брат, нивната мајка донела одлука дека нема да се грижи за нив, бидејќи и двајцата биле родени со нарушување на скелетната структура и неразвиени крајници.

Жената ги поставила невините бебиња во кутија за чевли, која подоцна била пронајдена од случајни минувачи.

Четири години подоцна, Мојра Кели, вработена во хуманитарна организација ги земала со себе малите сираци да живеат во Австралија. За време на патувањето, таа толку многу се приврзала со момчињата, при што решила да ги посвои и да им биде нивната нова мајка.

Денес браќата живеат исполнет живот како сите останати, а поконкретно на Емануел природата му подарила и величествен глас. По убедување на семејството, момчето се пријавило во шоуто X-фактор, а погледнете како истиот го освои срцето на публиката, откако се истакна со ангелскиот глас.