Дали вие би рекле “Да” на ваков прстен?

На американскиот форум Редит, една жена го споделила планот на својот дечко, односно како тој планирал да ја запроси неа.

Парот веќе подолго време зборувал на темата за брак и таа се чувствува сосема сигурно дека тој е вистинскиот маж за неа.

“Тој е навистина супер личност. Многу е независен и си го сака своето семејство. Истовремено, тој е единствениот маж кој ме направи да се почувствувам дека некому сум му важна.”- напишала жената.

Сега, кога двојката сакала да го направи следниот чекор во врската и да се свршат, дечкото ја прашал својата девојка дали таа се согласува со тоа, да ја запроси со прстенот кој и онака подолго време стоел во неговата фиока.

Односно, минатата недела, младата жена која живее во Сингапур, јавно објавила и објаснила дека мажот што го сака потрошил мало богатство на прстен кој специјлно го нарачал да му го изработат, но никогаш не го искористил.

Прстенот кој бил изработен по специјална нарачка и со години стоел во фиоката бил свршеничкиот прстен кој дечкото претходно го купил за неговата бивша девојка.

Тој и бившата девојка заедно биле во врска 4 години, а раскинале пред точно 3 години.  Пред да се разделат, тој го купил, односно го порачал свршеничкиот прстен, дури од прекуокеанска земја, да го изработат специјално за девојката.

Но, таа му го скршила срцето, што не ни било првпат тоа да му го направи и дечкото и раскинал конечно.

Сега неговата нова девојка и можеби идна свршеница, на форумот Редит ја претставила целата приказна и прашува за мислења:

“Ја разбирам неговата практичност. Прстенот и онака никогаш не бил искористен. Но, нешто длабоко во моето срце не ми дава да преминам преку фактот дека тој прстен првично бил дизајниран и наменет за некоја друга. Едноставно не сакам нешто што не било наменето за мене. Дали сум неразумна?”- напишала девојката.

Дами, како вие би постапиле вие во ваква ситуација?