Овој деликатес ќе ви овозможи да уживате во неговиот богат вкус, притоа задоволството ќе биде поголем, знајеќи дека истиот го подобрува вашето здравје и го нормализира нивото на хормоните.

Оваа салата е вистински лек кој произлегува од кујната на природата, а кој ќе ви помогне да ја вратите контролата врз вашето тело и воедно ќе го стабилизира нивото на естроген во вашиот организам.

Нарушениот баланс на естроген во телото може да резултира со отежнато губење на телесната тежина, депресија, тешка менструација, фиброиди, како и хипотироидизам или нарушена функција на тироидната жлезда, зголемен глад за слатка храна и јаглехидрати, а може и да се манифестира со задржување на течностите во организамот.

Со редовно консумирање на следната салата, ќе успеете значително да си го подобрите вашето здравје и да се ослободите од горенаведените симптоми!

Потребни состојки

  • Грст рукола
  • 2 рендани моркова
  • 3 супени лажици рендано цвекло
  • ½ шолја неприготвена брокула
  • Свежи листови спанаќ
  • Половина авокадо
  • 1 супена лажица семки од тиква
  • 1 супена лажица семки од сончоглед
  • 1 кафена лажица ленено семе
  • 4 супени лажици масло за готвење
  • 2 супени лажици сок од лимон
  • Малку хималајска сол
  • 1 кафена лажица сенф
  • 1 чешне лук
  • Грст магдонос

Начин на подготовка

Во сад, се мешаат руколата, листовите спанаќ и магдоносот.

Потоа, додадете ги морковот и цвеклото, авокадото кое претходно е потребно да го исечете на мали коцки и истовремено додадете ја и брокулата. Одзгора нанесете ги и семињата.

Во друг сад, додадете го сокот од лимон, маслото за готвење и лукот. На крај во садот додадете ја солта и сенфот и добро измешајте ги состојките.

Така приготвениот сос полејте го врз салатата и добро измешајте.

Уживајте во пријатниот и богат вкус на овој здрав деликатес, кој набрзо ќе стане вашето омилено јадење.