Киселото млеко важи за здрав еликсир кој со себе носи бројни придобивки за нашето здравје, а особено е корисно при дигестивни заболувања, хипертензија, а е и најчеста состојка во диетите.

Токму за оваа цел, денес ви ја претставуваме најлесната варијанта за приготвување на домашно кисело млеко, без притоа да мора истото да го потквасувате.

Домашно кисело млеко

Потребни состојки

  • 800 мл пресно млеко
  • 2 супени лажици кисела павлака

Начин на подготовка

Исипете го млекото во длабоко тенџере и поставете го да зоврие. Потоа оставете го да се излади, на температура малку повисока од собната (околу 30°C).

Следно, додадете ја киселата павлака кон млекото и добро измешајте. Покријте го тенџерето со крпа и поставете го на топло место, да отстои 1 ден.

Добиеното кисело млеко може да го употребите на разни начини додавајќи во во разни јадења и десерти, а наједноставно е да го јадете токму во оваа форма.