Работи за Антички Египет во кои веруваме благодарение на филмовите, но не се историски точни
Филмот е еден од најпопуларните видови уметност и има огромно влијание врз нашата перцепција врз светот. Благодарение на филмовите, развиваме одредени идеи за познати луѓе, земји и временски периоди. Но, не сите од нив се вистинити.
Обожаваме да побиваме митовите во кои многу луѓе веруваат благодарение на филмовите. И овој пат, решивме да разбиеме неколку стереотипи за Стариот Египет.
Хиероглифите се таен код.
Во Антички Египет, тие користеле 3 системи за пишување: хиероглифски, хиератички и демотски. Најубавиот и најкомплицираниот од нив, хиероглифите, се користеле за украсување споменици. Значи, ако древните Египќани би сакале да кодираат нешто, тие не би користеле хиероглифи затоа што многу луѓе би можеле да ги прочитаат.
Има многу легенди за хиероглифи. Последното хиероглифско пишување датира од 394 година пр.н.е. Нешто подоцна, последниот човек што можел да пишува со хиероглифи починал.
Долги години, никој не знаел што се хиероглифи се` додека францускиот лингвист Џан-Франсоа Шамполион не го дешифрирал пишувањето во 1822 година.
Археолозите можат да го разберат јазикот на Античките Египќани.
Речиси секој филм за Антички Египет содржи сцена каде главниот лик (обично археолог) наоѓа древен текст и започнува да го чита. Но, работата е што не пости нешто како староегипетски јазик. Египќаните зборувале многу различни дијалекти. Значи, без разлика колку е интелигентен научникот, тој не може да ги знае сите дијалекти.
Друг проблем е што не знаеме како всушност звучи јазикот.
Фараоните не носеле капи, а Клеопатра користела перики.
Во скоро сите периоди на Антички Египет, капите и периките биле најважни додатоци за мажите и жените. Капите ги штителе луѓето од сонцето и вошките, а тие исто така биле показател за статусот и моќта. На пример, Рамзес Втори никогаш не се појавувал во јавност без капа. Дури и во своите комори, тој секогаш носел една од своите капи.
Но, ситуацијата целосно се променила до почетокот на династијата Птоломеј. Хеленската култура имала влијание врз многу сфери од животот на древните Египќани, вклучувајќи ја и модата. Жените престанале да носат перики и ја носеле косата како Гркинките. Портретите на Клеопатра и шнолите пронајдени кај мумифицирани жени од тој период го докажуваат тоа.
Судејќи според доказите, Клеопатра носела пунџа. Таа немала перика од сребро и злато. Исто така, нејзината шминка веројатно изгледала природно, каква што носеле повеќето Гркинки.
Тутанкамон бил моќен владетел.
Во 2015 година, беше објавена мини-серија, Тут, а во неа египетскиот фараон, Тутанкамон е убав, моќен и силен човек, но научниците веруваат дека Тутанкамон не бил толку убав.
Поради список на болести, Тутанкамон бил навистина слабо развиен и можел да оди само со бастун.
Книгата на мртвите е исполнета со древна египетска магија.
Благодарение на филмовите, имаме погрешна идеја за Книгата на мртвите. Повеќето филмови ја прикажуваат како древна книга која може да ги разбуди заспаните зли духови.
Книги на мртвите навистина постојат. Но, идејата за овие книги била дека тие имаа моќ само во задгробниот живот. „Магиите“ напишани во книгата требало да им помогнат да ги надминат пречките и опасностите во светот. Тоа било листа на одговори и лозинки што мртвите луѓе би ги користеле за да постигнат вечен живот.
Оваа книга била ставана во гробовите на нејзините сопственици. Секоја книга е направена лично за сопственикот и нема копии. Сопствениците одлучувале колку поглавја треба да има во книгата и кои магии треба да бидат вклучени.