Ако грбот ве убива, не сте сами. Многу луѓе се запознаени со ова болно чувство во долниот дел на грбот. И иако многу луѓе се одлучуваат за лекови за ублажување на болката, тоа не е секогаш најефективниот начин да се справите со тоа. Всушност, менувањето на некои работи што ги правиме секојдневно, може да ни помогне да го решиме проблемот од корен.

Ние решивме подетално да ги разгледаме навидум безопасните дневни навики кои можат да ви предизвикаат болки во грбот.

1. Носите тесни здолништа и високи потпетици.

Тесните здолништа можат да го ограничат движењето на колковите, што предизвикува напрегање на ‘рбетот. Истото се случува кога ќе облечете високи потпетици: овие чевли ги поставуваат стапалата на неприродна висина, што пак предизвикува затегање на мускулите во долниот дел на грбот. За да уживате во модата без да го жртвувате вашето здравје, изберете здолништа што ќе ви овозможат слободно движење на нозете и изберете пониски потпетици.

2. Често пиете газирани пијалоци.

Покрај многу други здравствени ризици, газираните пијалоци  можат да ја влошат и болката во грбот. Навиката да пиете пијалоци со многу  шеќер може да резултира со камења во бубрезите што пак може да предизвика силна болка во грбот. Пиењето газирани пијалоци, исто така предизвикува гасови во вашиот дигестивен систем кои притискаат на вашиот ‘рбет. Ако грбот ве боли откако сте испиле чаша кока-кола, можеби е време да размислите да пиете повеќе вода.

3. Под стрес сте.

Кога вашето тело ослободува хормони на стрес, тоа предизвикува инстинктивно затегнување на вашите мускули. Напнатоста во вашите мускули доведува до болни сензации во вратот, рамената и грбот.

4. Спиете на лоша перница.

Повеќето перници ја ставаат главата во неприродна положба, што прави притисок врз вратот и ‘рбетот, предизвикувајќи болка и лош сон. Ако не можете да замислите да спиете без перница, пронајдете некоја што ви одговара.

5. Миете садовите на погрешен начин.

Свиткувањето над мијалникот додека миете садови го притискате долниот дел на грбот, предизвикувајќи згрченост на мускулите. За да избегнете оптоварување на долниот дел на грбот, ставете ја едната нога на мало сточле. Ова ќе ви помогне да го прилагодите држењето на телото.

6. Често се качувате по скали.

Ако страдате од болка во коленото или грбот, подобро е да се консултирате со вашиот лекар пред да ги користите скалите како начин да вежбате повеќе.

7. Читате во кревет.

Навиката да читате неколку страници од вашата омилена книга пред да заспиете може да доведе до вкочанетост на рамената и грбот. Читањето во кревет предизвикува напнатост на ‘рбетот и мускулите во долниот дел на грбот, што пак доведува до болка. Ако читањето книга пред спиење ви помага да се опуштите по напорниот ден, инвестирајте во столче со добра поддршка на ‘рбетниот столб.