Работи на кои треба да внимавате кога споделувате информации на социјалните мрежи

Многу луѓе споделуваат многу објави и коментари на социјалните медиуми без навистина да бидат свесни за последиците што би можеле тие да ги имаат за нив, нивното семејство и нивните пријатели, па дури и трети страни кои се неволно вклучени. Објавувањето премногу информации за личниот живот на луѓето ги изложува на различни ризици кои се движат од кражба на идентитет до казна за клеветење или навреда. Поради ова, пред да објавите работи на интернет, важно е да размислите двапати и да бидете сигурни дека правтe се` што можете за да избегнете објавување на нешто што подоцна може да стане поголем проблем.

Ние направивме компилација со некои од најчестите типови на објави што ги споделуваме на интернет и направивме мало истражување за да видиме како тие можат да се свртат против нас ако не сме доволно внимателни.

Слики и лични податоци на вашите деца

Се проценува дека денешните родители објавуваат приближно 1.000 слики на различни сајтови за социјални медиуми каде што можете да ги видите нивните деца пред да наполнат 5 години. Покрај тоа, голем процент од овие деца може да се следат на интернет, бидејќи има слики од  нив уште пред да наполнат 2 години. Ова е токму она што може, подоцна, да создаде проблем со приватноста. Луѓето почнуваат да се натпреваруваат за да добијат повеќе лајкови, а притоа да ја игнорираат опасноста да ги изложат своите деца на опасност.

Исто така не е препорачано давањето лични информации поврзани со родителството и здравјето на децата. Додека многу нови родители се консултираат на социјалните медиуми за да побараат совет од други кои би можеле да бидат поискусни, тоа би можело да доведе до тоа детето да се засрами. Подоцна, детето може да стане жртва на малтретирање и сајбер -малтретирање.

Приватни разговори

Има многу луѓе што не гледаат проблем во споделувањето слики од екранот на приватните разговори на Viber. Ова, патем, се однесува на која било друга услуга за комуникација. Дури и во ретките случаи кога ја имаме согласноста на другото лице, тоа може да се смета за кривично дело во некои земји, обосено ако дојде до кршење на правото за приватна комуникација, откривање тајни и/или нарушување на угледот на некој вклучен во разговорот.

Слики кои покажуваат нешто потенцијално срамно или содржат тајни информации

Без оглед колку може да изгледа безопасна сликата што ја прикачувате на социјалните медиуми, секогаш треба да размислите двапати пред да ја објавите. Запомнете, ако не обрнете внимание на она што се појавува на сликата, можеби ќе откриете чувствителни информации. Знаеме е дека овие типови инциденти се случиле и може да предизвикаат многу проблеми.

Ако сакате да се сликате себеси на вашето работно место, дома или каде и да сте, треба да се погрижите да не го прикажете екранот на компјутерот, банкарски извештаи, билети за патување или било какви друг документ кој содржи доверливи информации. Во секој случај, најдобро е убаво да ја проверите сликата пред да ја објавите на интернет, само за да бидете сигурни дека нема срамни детали или чувствителни информации што подоцна би можеле да се користат против вас.

Премногу информации за вашиот љубовен живот

Ако сте во врска, нормално е да сакате да објавите фотографии со вашиот партнер. Всушност, се верува дека оваа практика може да генерира посилна врска помеѓу вас двајца и да ги спречи другите да имаат љубовен интерес за вас или за вашиот партнер. Но, како и за се` во животот, треба да пронајдете здрав баланс помеѓу објавување на она што го сакате и да бидете сигурни дека не давате информации за некој друг.

Постојат ситуации кога фотографиите или статусите посветени на партнерите може да одразуваат несигурност или да се толкуваат како совети за другите. Во овие случаи, најдоброто нешто што треба да направите е да не сподлеувате многу информации за вашата врска.

Слики заштитени со авторски права

Ако видите илустрација или слики што ви се допаѓаат и сакате да ги споделите на интернет, треба да започнете со откривање кој ги создал и дали има одредени барања за споделување. Исто така, треба да го прашате уметникот дали можете да ги користите и, со тоа, ќе добиете писмен доказ за нивната потврда што ќе ви го покрие грбот во случај да постои пријава за прекршување на авторските права.

Постојат некои исклучоци од ова правило, на пример, слики од јавен домен, кои можат да се објават насекаде без да мора да побарате дозвола пред да го направите тоа. Сепак, имајте на ум дека ако се заштитени со авторски права, тие можеби имаат лиценца.

Името на вашето домашно милениче, вашата омилена боја или други можни одговори на „прашања за безбедност “


Една студија тврди дека безбедносните прашања честопати се послаби од самите лозинки, што може да претставува закана за вашата приватност на интернет. Ова најверојатно ќе биде така, бидејќи прашањата честопати се толку лесни што секој може да одговори на нив. Веројатно наидовте на прашања како: „Како се вика вашето домашно милениче?“ или „Која е вашата омилена боја?“ Несакајќи, може да ги дадете овие одговори на вашите социјални мрежи, правејќи се себеси мета на кражба.

 

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *