Замислете си дека имате можност да изберете да јадете еден вид на храна која не е толку здрава, да можете да ја јадете секој ден, без притоа да влијае штетно врз вашето здравје и телесната тежина? Која храна би било тоа?

Повеќето ќе се согласат дека веднаш би ги избрале пржените компирчиња на кои ретко кој може да одолее.

Денес ви откриваме како оваа фантастична храна може да ја направите поздрава, а истовремено уште повкусна.

Пржени компири во микробранова

Потребни состојки

  • 3 компири
  • 1 кафена лажица зејтин
  • Мелен црн пипер и сол по ваш вкус
  • Прстофат мелен црвен пипер, лук во прав и коријандер

Начин на подготовка

Излупете ги компирите и исечете ги на ленти. Наполнете го садот со вода и оставете ги така да отстојат неколку минути во истиот.

Следно, поставете ги комприте во хартиена крпа, која ефикасно ќе го апсорбира вишокот на влага. Потоа, преместете ги компирите на куп во еден сад. Додадете ги мелениот црн пипер и солта, како и малку мелен црвен пипер, лук во прав и коријандер и добро измешајте. Сега додадете го и зејтинот и повторно добро измешајте ги сите состојки заедно.

Премесете ги комприте во соодветен сад за микробранова, вклучете ја истата на максимална моќност и печете ги компирите 5-8 минути. Потребно е овој чекор да го повторите неколку пати, додека компирите не омекнат.

Што следува? Додека комприте се приготвуваат, во меѓувреме вие може да си подготвите домашен сос, со кој ќе го збогатите нивниот вкус.

Пријатен апетит!