Приготвувањето на пилешкото филе, без разлика дали е со пржење или пак, негово печење со зеленчуци, честопати знае да заврши со не толку вкусен и сув резултат.

Но, денес со вас го споделуваме едноставниот рецепт за прочуената марината со мед за пилешките гради, за која светските врвни готвачи се согласуваат дека едноставно нема конкуренција, а благодарение на која, вашето следно јадење со пилешко месо ќе биде дури и повкусно од приготвеното во ресторан.

Маринада за пилешко месо

Потребни состојки

  • 1 супена лажица соја сос
  • 1 супена лажица сенф
  • 1 супена лажица мед
  • За арома, по ваша желба, додадете лут зачи или мелен црвен пипер

Начин на подготовка

Измешајте ги сите состојки заедно и маринирајте го пилешкото месо од 3 до 4 часа, а потоа завиткајте го во фолија и поставете го да се готви во претходно загреана рерна на 180°C.

Пријатен апетит!