Фановите на легендарниот Тарантино и извонредно талентираните актери, Бред Пит и Леонардо ди Каприо од вчера имаат можност да ѕирнат како ќе изгледа новото филмско ремек-дело!

Откако пред некое време, Квентин Тарантино го објави режисирањето на својот нов филм, во кој главната улога ја имаат неговите најдобри пријатели, Бред Пит и Леонардо ди Каприо, светот полуде и со нетрпение го очекуваше трејлерот за истиот.

Вчерa вечерта, на Канскиот филмски фестивал, филмот наречен „Си било некогаш во Холивуд“ (анг. „Once upon a time in Hollywood“), и офицјално беше претставен со откривањето на неговиот трејлер, кој веќе има над 3 милиони прегледи:

Сценариото на филмот зборува и оддава чест на крајните моменти од Златната ера во Холивуд

А еве како филмската екипа од соништата изгледаше на црвениот тепих на познатиот фестивал:

Во филмот, на актерите им се придружува и популарната глумица Маргот Роби.