Принцот, кој од неодамна се откажа од своите кралски должности, а со тоа и привилегии и заедно со својата сопруга замина за Канада, сега реши пред јавноста да открие за неговата болест.

Хари откри дека дека во последните неколку години одел на терапија, односно посетувал психијатар, со цел да може полесно да ја надмине траумата од загубата на неговата мајка.

Истовремено, поранешниот принц открива дека и за него и за Меган, напуштањето на кралското семејство било навистина тешко, но сепак додава дека не жали за донесената одлука, а ја донел со цел да го заштити своето семејство.

„Јас не сакам Меган и нашиот син Арчи да минуваат низ она што поминав јас како мал. Одлуката која ја донесов за мојата сопруга и нашето дете да се одделиме од кралското семејство не беше воопшто лесна за мене. Ми беа потребни разговори со психолог со месеци и после толку години, јас уште не се чувствувам опоравен. Овој пат, немав друга можност.“- објаснува Хари.