Домашната маска со нишесте е многу популарна меѓу дамите ширум светот, благодарение на која истите изгледаат значително помладо од нивната точна возраст.

Нејзината подготовка и употреба е многу едноставна, а во продолжение откријте го рецептот за чудесната маска.

Домашна маска од нишесте за помладување на лицето

Потребни состојки

  • 1 супена лажица нишесте
  • 1 кафена лажица сол
  • 1 кафена лажица мед
  • Малку топло млеко

Начин на подготовка

Измешајте ги сите состојки заедно, до добивање на една соединета смеса. Нанесете ја маската врз претходно исчистено лице и оставете ја истата да отстои 30 минути. Користејќи памучен туфер, темелно отстранете ги остатоците од маската, а потоа измијте го вашето лице.

Оваа маска ќе го затегне вашето лице, ќе го обнови неговите мускули и ќе го стимулира протокот на крвта, давајќи му свеж изглед на вашето лице.