Избегнувајте ги работите кои ја предизвикуваат

Ако не сте сигурни што предизвикува главоболка, почнете да водите дневник. Тоа ќе ви помогне да се потсетите: Што сте правеле во тоа време? Што сте јаделе во текот на денот? Како сте спиеле претходната ноќ? Колкаво е нивото на стрес и колку трае главоболката? Одговорите на овие прашања ќе ви помогнат да создадете модел со кој ќе ги спречите идни болки.

Избегнувајте прекумерна употреба на лекови

Ако пиете повеќе од два пати во седмицата лек против главоболка , нема да си помогнете особено. Тоа само ќе го зголеми степенот и фреквенција на болката.

Спијте доволно

Најдобро е 7-8 часа спиење дневно. Освен тоа добро е да следите ист режим, да си легнувате и да се будите во исто време.

Не пропуштајте оброк

Започнете го денот со здрав појадок. Ручекот и вечерата да Ви биде во исто време секој ден. Избегнувајте храна и пијалоци кои содржат кофеин и кои провоцираат главоболка.

Намалете го стресот

Стресот е вообичаен за активирањето за хроничните главоболки. Бидете организирани и исполнувајте го однапред зацртаниот распоред. Планирајте го денот и обидете се да бидете позитивни. Повеќето главоболки предизвикани од стрес, завршуваат тогаш кога и тензиите ќе завршат.