Постојат илјада и еден начин за подготовка на тиквичките- омиленот зеленчук на сите, особено во топлиот летен период, бидејќи лесно се комбинира со сè, а неговиот вкус е секогаш ароматичен и богат.

Може навистина да го комбинирате со буквално сè: Со други зеленчуци, зачини, со месо и секој пат, специјалитетот ќе биде различен, нов и оригинален.

За денес ви подготвивме токму рецепт за еден таков деликатес, со кој ќе ги воодушевите вашите најблиски и вашите гости.

Летни ражничи од месо и тиквички

Потребни состојки

  • 2 тиквички
  • 50 гр кашкавал
  • Сол по ваш вкус
  • 4 супени лажици кисела павлака
  • 350 гр мелено месо
  • 1 чешне лук
  • 1 компир
  • Црн мелен пипер и зачини по ваша желба
  • 1 супена лажица масло за готвење

Начин на подготовка

Потопете ги стапчињата за ражничите во вода.

Измешајте го месото со исечениот лук, а потоа додадете ја солта, црниот мелен пипер и зачините.

Неприготвените компири изрендајте ги и додадете ги во месото. Измешајте ги добро состојките и оставете ја смесата да отстои.

Тиквичките се сечат на кругови со дебелина од 1 центиметар.

Од смесата со компирот и месото направете топчиња и измешајте ги во брашното.

Подгответе ги ражничите така што прво на стапчето додадете тиквичка, па месо и така сè додека не ги потрошите состојките.

Премачкајте ги ражничите со маслото за готвење и поставете ги во садот за печење. Одозгора нанесете ја киселата павлка и посипете од наренданиот кашкавал.

Покријте го садот со фолија и печете 35 минути, на 200°C. По изминатиот половина час, отстранете ја фолијата од садот и печете дополнителни 10 минути.

Фактот што овој специјалитет се приготвува во рерна, ви дава одлична можност за манипулација со состојките: Може да ги насечете тиквичките на кругови и да ги замрзнете, а потоа во текот на целата година, кога ќе посакате, може да си го направите овој деликатес.