Полнетите пиперки се една совршено вкусна идеја што да приготвите за летен ручек, бидејќи се лесни за консумирање, но воедно ќе ве држат заситени цел ден! Токму за денес ви претставуваме уникатен посен рецепт кој вреди да се проба!

Посни полнети пиперки

Вкупно време2 часа
Оброк: Главно јадење
Кујна: Медитеранска
Клучни зборови: полнети пиперки
Порции: 4

Состојки

  • 7 пиперки
  • 100 гр ориз
  • 4 лажици сечкани ореви
  • 1 морков
  • 1 главица кромид
  • 1 голем домат
  • 3 чешниња бел лук
  • Колку што е потребно сол, масло за готвење, мелен црн и црвен пипер, суви зачини

Начин на подготовка

  • Пропржете ги исеченот кромид и морковот во масло, додадете лук, црвен пипер, ориз (претходно измиен) и ореви и испржете сè уште малку повеќе. Додадете сол и малку зачин и по ваша желба, мелен црн пипер.
  • Измијте ги пиперките и извадете ги семињата. Подмачкајте го садот за печење со масло, наполнете ги пиперките и наредете. Прелејте со варен домат и налејте малку вода. Покријте го садот со капак или фолија и поставете да се пече 1 час на 220°C,