Погодете колку склекови направи таткото кој го постави новиот светски рекорд

Татко кој собира пари за семејствата на загинати припадници на итните служби постави нов светски рекорд за најмногу склекови направени за една година.

Нејт Керол, од Висконсин, САД, ја достигна официјалната пресвртница од 1.500.231 склекови за време на полувремето на Fun City Bowl – хуманитарен рагби натпревар помеѓу полициското одделение и противпожарната служба во Њујорк.

Обидувајќи се да собере пари за програмата која им помага на семејствата кој изгубиле близок кој работел во итните служби, Керој изминатата година додавал околу 4.000 склекови во неговата дневна рутина.

Таткото рече дека бил мотивиран да го прифати предизвикот не само за да собере пари за добротворни цели, туку и да им докаже на своите деца дека секој може да направи навидум невозможни работи.

Иако Керол веќе го сруши светскиот рекорд за најмногу склекови направени за една година, периодот од 12 месеци официјално ќе заврши на 13 Јуни и тој се надева дека ќе го заврши својот предизвик со бројот 911 во неговиот последен резултат, во чест на членовите на спасувачките екипи кои загинале на 11.09.

„Ми беше чест да поставам нов светски рекорд овде, во Њујорк, пред членовите на полицијата и пожарната служба“, рече тој. „Сакам да им одадам почит на сите тие луѓе кои го жртвуваа својот живот на тој трагичен ден“.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *