На 57-годишна возраст, почина американската актерка Кели Престон. Таа покрај нејзиниот актерски талент, беше позната на јавноста и како сопругата на славниот Џон Траволта.

Кели починала вчера, по тешка и храбра битка со рак на дојката, додека била опкружена со најблиските, во нивните прегратка и поддршка.

„Со голема тага ви соопштуваме дека почина познатата актерка и сопруга на Џон Траволта, Кели Престон.“ – стои во официјалното соопштение од семејството, а тажната вест ја потврди и самиот Траволта на неговиот Инстаграм профил:

„Со тешко срце ви соопштувам дека мојата прекрасна сопруга Кели ја загуби 2-годишната битка со рак на дојката.“

Џон и Кели стапија во брак во 1991-та година. Актерот воедно им се заблагодари на сите лекари и медицински сестри кои низ текот на овие 2 години постојано се грижеле за Кели, како и на најблиските, кои покажале безусловна поддршка.