Доколку ви се јаде десерт со јаболка, но сакате да пробате нешто ново, наместо традиционалните рецепти, тогаш ви предлагаме уште денес да ја приготвите оваа уникатна пита!

Пита со јаболка- Меко тесто, сочен фил и вкусен прелив

Доколку ви се јаде десерт со јаболка, но сакате да
пробате нешто ново, наместо традиционалните рецепти, тогаш ви предлагаме уште
денес да ја приготвите оваа уникатна пита!
Вкупно време40 минути
Оброк: Dessert
Кујна: French
Клучни зборови: јаболка, пита
Порции: 4

Состојки

  • 600 гр брашно
  • 200 гр топла вода
  • 11 гр сув квасец
  • 3 јајца
  • 72 гр шеќер
  • 40 гр сончогледово масло
  • Прстофат сол

За филот

  • 1 шолја шеќер
  • 4 јаболка

За преливот

  • 1 кафена лажица шеќер
  • 40 гр кисела павлака

Начин на подготовка

  • Во водата, додадете ги шеќерот, солта, јајцата, маслото и квасецот. Добро измешајте ги состојките. Потоа, постепено и без да го прекинувате мешањето, додадете го брашното во 2 дела.
  • Замесете меко тесто, при што откако ќе добиете пријатна и нелеплива текстура, готовото тесто завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го да отстои 30 минути.
  • Излупете ги измиените јаболка, исчистете ги од семките и исечете ги на тенки парчиња. Нанесете малку масло за готвење врз работната површина, поставете го тестото и направете тенок слој од истото, во форма на правоаголник (1-2мм). Одозгора нанесете шеќер (1 шолја).
  • Наредете ги исечените јаболка врз тестото во 3 реда.
  • Завитакјте го тестото во форма на ролат и исечете го на парчиња. (Приближно 10 цм дебелина).
  • Премачкајте го садот за печење со масло за готвење, Потребно е садот да биде во кружна форма со дупка на средината. Внатре во истиот наредете ги парчињата тесто.
  • Скршете го преостанатото јајце и откако ќе го изматите, со истото премачкајте ја питата одозгора со соодветна четка за готвење. Печете 40 минути во претходно загреана рерна на 180°C.
  • Измешајте ја киселата павлака со шеќерот, до добивање една соединета смеса.
  • Извадете го десертот, свртете го и премачкајте го со претходно добиениот крем.