Овој вкусен рецепт е идеален за љубителите на пилешкото месо, а воедно и совршен доколку моментално држите некоја диета или се обидувате да симнете неколку килограми вишок.

Пилешко на медитерански начин

Овој вкусен рецепт е идеален за љубителите на пилешкото месо, а воедно и совршен доколку моментално држите некоја диета или се обидувате да симнете неколку килограми вишок.
Вкупно време1 час 30 минути
Оброк: Главно јадење
Кујна: Медитеранска
Клучни зборови: пилешко месо

Состојки

  • 600 гр пилешко филе
  • 1 пиперка
  • 4 јајца
  • 200 гр урда
  • 150 гр сирење
  • 3 супени лажици кисела павлака
  • Неколку домати
  • 1 страк зелен кромид
  • По вкус сол, мелен црн пипер, зачини

Начин на подготовка

  • Измијте и исушете го филето, а потоа исечете го на мали коцки и додадете го во садот. Посолете го месото, зачинете го со зачини по ваш вкус и додадете ја киселата павлака.
  • Измешајте добро и веднаш може да го додадете во садот за печење. Доколку сакате јадењето да биде уште повеќе диетално, додадете кисело млеко наместо павлака.
  • Сега за филот: Ситно исечете го зелениот кромид, а пиперката исечете ја на мали коцки. Поставете ја урдата во сад и во истата изматете ги јајцата и додадете сол и зачини по ваш вкус. Добро измешајте ги состојките.
  • Додадете и мелен црн пипер и исечениот кромид. Добиената смеса додадете ја кон пилешкото месо, кое за ова време успеало соодветно да се маринира.
  • Изрендајте го кашкавалот и нанесете го врз јадењето .Одозгора додадете ги исечените домати. Вклучете ја рерната и загрејте ја до 180°C. Печете го специјалитетот 45 минути.
  • Извадете го готовото јадење од рерната и оставете го да отстои 10-15 минути, со цел пилешкото месо подобро да го апсорбира одделениот сок.