Фелипе Роси е бразилски забар чија задача е да се погрижи неговите клиенти да имаат здрави заби и совршена насмевка. Во 2016-та година, тој формираше своја невладина организација, а благодарение на истата, Фелипе заедно со неговиот тим создава неверојатни хумани дела.

Односно, хуманиот забар сега патува ниц цел Бразил и на сиромашните луѓе кои немаат доволно финансиски средства им ја овозможува шансата да добијат вистинска преобразба на нивните заби и сето тоа бесплатно.

Насмевката на луѓето кажува сè!