Овој пијан тинејџер ја одбра погрешната куќа за да провали

Еден тинејџер предизвика низа несреќни настани кога упадна во Airbnb, каде што во моментот имало еден куп полицајци.

Полицајците биле на специјална обука во Винсконсин, САД, и се сместиле во изнајмена куќа за да преспијат пред напорниот ден кој ги чекал.

Офицерите слушнале врева во текот на целата ноќ, но претпоставувале дека станува збор за друг член на групата што шетал наоколу. Дури следното утро, кога ја виделе отворената врата, сфатиле дека имаат неочекуван гостин.

@sheriffk9misty#burglary #sheriffk9misty #fyp #storytime #lol #crime

♬ Relaxed everyday loop BGM – Milk

На видеото, објавено од Чарлс Песола, за ТикТок, полицајците објаснуваат дека ја пребарале куќата и наишле на пијаниот 19-годишник, заспан во една од собите.

Пијаниот тинејџер не можел да се сети како и зошто се нашол на местото, и за жал сабајлето се разбудил со лисици на рацете.

Песола на видеото вели: „Овој несреќник го најде единствениот дом во Милвоки, Висконсин, каде има еден куп полицајци“.

Полицаецот Мет Вандер Арк додаде: „Тој направи грешка. Во ред е. Ќе го преболиме тоа и на крајот на денот, можеме да се насмееме за ситуацијата“.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *