Иако секогаш е убаво да се слави уште една година од животот, не може да се негира фактот дека најдобрите делови од родендените се тортата и подароците.

Знаејќи го ова и имајќи ја предвид љубовта на нејзиниот син за онлајн шопинг, Нина Еванс Вилијамс реши да ги комбинира двата аспекта за 24-от роденден на нејзиниот син Кејн, создавајќи торта што изгледа исто како пратка од Амазон.

 

 

 

 

 

 

Како и многумина од нас, Кејн го поминал времето во карантин со купување разни работи преку интернет, толку многу што добивал испораки речиси секоја недела.

Нина, која е сопственик на Nina’s Cake Cabin, реши да го изненади синот со чоколадна торта во форма на картонска кутија, со бар-код, етикета на Амазон и упатства за испорака.

Коментирајќи го своето ремек-дело, Нина рече:

Тој всушност помисли дека тоа е пакет доставен за него! Добива пратки доста често, скоро неделно и тој е навикнат на тоа, затоа помислив дека идејата е фантастична!

Оваа година тој не сакаше торта со фудбалскиот клуб Ливерпул, па му реков дека ќе биде изненадување. Ден претходно, му забранив да се доаѓа во кабината за торти, за да биде изненадување.

Мајката на Кејн конечно ја откри тортата на неговиот роденден, кога тој влезе во нејзината продавница и таа му рече дека има нова пратка на масата за него.