Ленот, односно неговите семиња се сметаат за извонредно средство, кое покрај многуте лековити придобивки за нашето здравје, истото може да ни помогне и значително да го решиме проблемот со интензивниот косопад, кој е честа појава кај многу луѓе.

Домашна маска против интензивен косопад

Потребни состојки

  • 50 гр ленени семиња
  • 250 мл вода
  • 1 супена лажица сок од лимон

Начин на подготовка и употреба

Сварете ги ленените семиња, при што откако смесата ќе зоврие, потоа оставете ја да се вари дополнително на слаб оган, додека да ја добие потребната густина. Следно додадете го и сокот од лимон и добро измешајте ги состојките. Штом смесата ќе започне да наликува на желе, исклучете го оганот веднаш. Оставете ја смесата да се излади, а потоа прецедете.

Готвата добиена маска нанесете ја на косата, по нејзиното миење. Започнете со нанесување дебел слој на скалот, а потоа распоредете ја смесата и по целата должина на косата. ја маската по миење на косата. Завиткајте ја косата во шапка за туширање и крпа и оставете ја да дејствува 30 минути. На крај од третманот, измијте ја косата со топла вода.