Дали себеси се сметате за пријатна личност или можеби чувствувате дека поседувате одредени негативни особни во вашиот карактер? Дали со вас може лесно да се комуницира или брзо ги полудувате останатите?

Доколку сакате да бидете во тек со „хороскопските случувања“ погледнете ја мобилната апликацијаХороскоп на македонски јазик, која можете бесплатно да си ја инсталирате на вашиот мобилен телефон преку Google Play (кликнете овде).

Еве што вели хороскопот по тоа прашање, односно еве кои се 3-те најопасни дами во хороскопот:

1. Овен

Овенот важи за еден од најупорните знаци, кој едноставно обожава да има контрола над останатите. Овој квалитет и не претставува некоја негативна особина, доколку се заљубите во вистинската Овен- дама. Но, не заборавајте дека златното правило во тој однос е никогаш да не ја лажете, ниту изневерите, бидејќи кога жената-Овен ќе се разлути, нејзиниот гнев не може со ништо да се спореди. Истата ќе направи сè за да ве уништи со брзината на светлината.

2. Рак

Доколку дамата Рак започне да не ви верува, тогаш таа се претвора во сокриена бомба. Овој хороскопски знак има тенденција да ги потиснува работите во себе и притоа е многу песимистичен, но кога има некој таен план, тогаш се претвора во иновативна личност. Кога ќе се налути, однесувањето на жената во овој знак се менува драстично, иако порано сте ја сметале за тивка и мирна. Раковите во суштина имаат навика во сè да гледаат лошо, па затоа внимавајте со нив.

3. Скорпија

Карактерот на жените во овој хороскопски знак најдобро наликува на самото животно. Дамата Скорпија може да биде најверниот пријател и најстрастниот партнер, но истовремено, таа може да биде и најбруталната личност што ќе ја сретнете. Покрај тоа, не заборавајте дека Скорпијата е неверојатно љубоморна личноста и ладнокрвна во нејзините постапки, при што доколку ја повредите, бидете сигурни дека ќе се најдете на првото место на нејзината одмаздничка листа.