Овој непријатен момент е познат на секоја жена која се соочува со мрсна коса – уште на вториот ден од миењето, косата започнува да се замастува и на ниту еден начин фризурата не може да се задржи.

Денес со вас споделуваме еден златен трик, кој ќе ви помогне ефикасно да ја исчистите косата, без да ја миете.

Станува збор за домашен сув шампон, кој ќе ви помогне да престанете со пречестото миење на косата, а истовремено истата ќе ја направи неверојатно мека и свилена, со поголем волумен и притоа ќе го стави под контрола нејзиното замастување!

Домашен сув шампон

Потребни состојки

  • 2 супени лажици оризово брашно
  • 2 супени лажици пченкарно нишесте
  • 1 супена лажица сода бикарбона
  • 5 капки етерично масло од нане, лимон или лаванда (по ваш вкус)

Начин на подготовка и употреба

Сè што е потребно да направите е добро да ги измешате сите состојки заедно во тегла со капак.

За да го употребите домашниот сув шампон, ќе ви биде потребна четка (може и обична четка за шминкање). Со нејзина помош, нанесете го сувиот шампон врз косата, од корените кон врвовите, распределете ја смесата и со помош на прстите и оставете ја да отстои 5-10 минути. Потоа, вишокот прав отстранете го со четката.

Веднаш штом правот ќе исчезне, вашата коса ќе изгледа чисто, ќе мириса пријатно, бидејќи етеричното масло кое ќе го изберете ќе го даде посебниот убав мирис.