Речиси и да не постои жена која не сака долги и густи трепки, со кои, со само еден поглед, ќе го освои вниманието на сите, без воопшто да се труди.

За жал, не секој се раѓа со совршени трепки и иако денес постојат бројни козметички третмани, за денес ви откриваме како да го решите овој проблем, доколку ја претпочитате употребата на природните средства.

Како природно да ги зголемите и згуснете вашите трепки

Можноста за употребување на алое верата за обновувањето на трепките носи вистински изненадувања. Алоето може да се употреби самостојно или со негово додавање во купечките производи наменети за нега на трепките.

Ефектот од употребата на ова чудесно растение се забележува во рамките од 3-4 недели, од започнувањето на третманот.

Чистење на трепките

Потребно е редовно да ги чистите вашите трепки, за да ги отстраните наталожените масни и честичките од прашина, кои може да доведат до затнување на порите. За оваа цел, земете обична четка за трепки, нанесете малку витамин Е или витаминско масло на истата и бавно четкајте ги трепките од корените.

Практикувајте го третманот двапати дневно. Првите резултати од терапијата се покажуваат во првите 10 дена.

3-те најдобри домашни средства за раст на трепки

Може едноставно да потопите стапче за уши во сок од алое вера и да го нанесете по линијата на трепките. Практикувајте го третманот 2 месеци, за да ги забележите посакуваните резултати.

Исто така може комбинирате 5 капки рицинусово масло, витамин Е и сок од еден лист алое вера. Добиената смеса нанесувајте ја на трепките секое утро и вечер, во период од 1 месец.

Покрај овие две средства, може да измешате и малку магдонос со 1/3 кафена лажица сок од алое вера и да ги масирате вашите трепки 5 минути, со добиената смеса.