Маслото од црн дроб на бакалар се користи како додаток во исхраната со векови и постојат многубројни докази дека е вистински благодет за здравјето на целото семејство. Бројните бенефиции од корисноста на маслото од црн дроб на бакалар се причина за да си го обезбедите уште денес.

Родителите и повозрасните лица најчесто повеќе обрнуваат внимание на здравјето на нивните најмили, но не треба да заборават да го одржуваат своето здравје и тело. Оригиналното Möller’s Омега-3 масло од црн дроб на бакалар се препорачува за возрасни и постари лица со цел во телото да се внесат есенцијалните масни киселини Омега-3 и витамините А, Д и Е. Сите овие погодности доведуваат до подобрување на целокупното здравје и спречување и решавање на одредени здравствени состојби.

Постојат повеќе бенефиции за кои придонесува маслото од црн дроб на бакалар и ова се неколку од нив:

  • Придонесува за правилно функционирање на срцето
  • Придонесува за силни и здрави коски
  • Придонесува за здрави заби
  • Ја поддржува мозочната активност и функцијата на мозокот
  • Придонесува за подобар вид
  • Го поддржува имунолошкиот систем.

Ефикасноста на Омега-3 масните киселини е докажана од над 15.000 научни статии. Омега-3 есенцијалните полинезаситени масни киселини имаат голема ефикасност во примарната и секундарната превенција на кардиоваскуларните болести. Многу клинички испитувања вклучуваат консумирање на рибино масло за низок ризик од кардиоваскуларни проблеми како што се миокарден инфаркт, коронарна артериска болест, атријална фибрилација, аритмија и др. Дневниот внес на подолг период (1-5 години) има голем придонес кон намалување на холестеролот и крвниот притисок, намалување на триглицеридите, подобрување на кардиоваскуларната циркулација.

AХA (Американска асоцијација за срце) препорачува комбинација на EPA + DHA во доза од 1g/ден кај сите пациенти со коронарна артериска болест. Други важни организации, како што се Светската здравствена организација, Европското здружение за кардиологија, Британскиот научен советодавен комитет за исхрана препорачуваат поголема конзумација на риба. За пациенти со хипертриглицеридемија, зголемениот внес на Омега-3, 4гр/ден е одобрен од FDA(Американската агенција за храна и лекови) и може да се комбинира со класични терапии (статини, ниацин и сл.).

Исто така Омега 3 масните киселини кои се наоѓаат во маслото од црн дроб на бакалар придонесуваат за намалени белодробни заболувања, проблеми со варењето, го намалува ризикот од малигни болести како и во намалување на болката, отокот и вкочанетоста во зглобовите.

Möller’s маслото од црн дроб на бакалар ви ја овозможува енергијата и здравјето кои ви се потребни за исполнет живот. Превенцијата е секогаш попаметен избор од лекувањето, а животот треба да биде забавен и возбудлив за секоја возрасна група, затоа не чекајте годините да го земат својот данок консумирајте го дарот од природата, Möller’s маслото од црн дроб на бакалар.

MÖLLER’S можете да го купите во аптеките на Виола, Зегин, Еурофарм, Бети, ДНА Анни Фарм, Дона Фарм, Галениум Фарм, останатите приватни аптеки и дрогериите на ДМ.