Објавени се финалистите за наградата за најкомична фотографија од дивиот свет, и како и секогаш, сликите не разочаруваат.

Уникатните фотографии ги насмевнуваат лицата на луѓето во изминатите шест години, и секоја година се подобри и посмешни.

Том Сулам, ко-основач на наградите, беше загрижен дека пандемијата ќе влијае на бројот на апликации оваа година, но многу луѓе сепак ги изложија своите забавни слики.

Том во мај изјави: „Пандемијата продолжува да влијае на патувањата низ светот и оваа година, мислевме дека ќе добиеме помалку пријави од вообичаеното, но изненадувачки имавме одличен одговор, особено со „Во воздух“ категорија, добивме стотици брилијантни слики од птици“.

„Можеби фактот дека сите ние поминуваме повеќе време дома значи дека повеќе луѓе забележуваат диви животни поблиску до домивите, што е фантастично“, продолжи тој.

Четири месеци подоцна, сега се објавени финалистите.

Има вкупно 42 финалисти, но ние само ќе ви покажеме некои од нашите омилени.

Прв на листата е овој музичи талентиран глодар.

Следува птица со збунет изглед, која изгледа како да сме ја прашале „Кој го изеде последното парче торта?“.

Потоа овој гулаб кој „не ги гледа хејтерите“.

Листата продолжува.

Победниците ќе бидат објавени на 22 октомври.