Луѓето не можат да поверуваат на фотографиите од апокалиптичните поплави во Њујорк, градот прогласи вонредна состојба

Вонредна состојба е прогласена во Њујорк по тропската бура Ида што го зафати градот.

Рекордните врнежи предизвикаа поплави низ градот, што доведе до тоа градоначалникот Бил де Бласио да прогласи вонредна состојба на 1 септември.

Тој напиша на Твитер: „Прогласувам вонредна состојба во Њујорк. Ние сме сведоци на историски временски настани со рекордни врнежи од дожд низ градот, брутални поплави и опасни услови на нашите патишта“.

„Ве молиме, останете дома вечерва и оставете ги нашите служби за итни случаи да ја завршат својата работа“, продолжи де Бласио. „Ако размислувате да излезете надвор, немојте“.


Повеќе од 5.000 луѓе останаа без струја како последица на катастрофалното време.

Повеќето подземни железници во Њујорк се затворени откако Националната метеоролошка служба забележа неверојатни 8 см дожд во Централ Парк за само еден час.

Суспендирани се и возовите и летовите во и надвор од градот.

Њу Џерси, исто така, беше силно погодено од бурата, и прогласи вонредна состојба откако пријави најмалку една смрт, а BBC News објави дека едно лице се удавило во Пасаик.

Во Керни, покривот на поштенската зграда беше откорнат од невремето додека луѓето се` уште беа внатре.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *