Ако често ви се случува да ви доцни месечниот циклус, не сте единствени. Многу жени од различни возрасни групи го делат истиот проблем. Еве неколку причини кои со невнимание ги прифаќате, но во суштина предизвикуваат менструацијата да доцни.

1. Често конзумирате храна со бела боја

Ако храната која ја внесувате има бела боја, тоа значи дека таа многупати е обработена. Тука се наведени намирници како белиот шеќер, оризот, брашното и тестенините. Тие влијаат на  организмот така што предизвикува непотребно лачење на инсулин, што доведува до складирање на масти.

2. Не внесувате доволно Омега-3 масни киселини

Лососот и сардините се богати со Омега-3 масни киселини, па обидете се да ги вклучите овие риби во вашата исхрана. Може користите и рибино масло. Тие се многу корисни за здравјето на јајниците, бидејќи помагаат во отстранувањето на слободните радикали, ја стимулираат циркулацијата на крвта во малите крвни садови во јајниците и го подобруваат вашето расположение.

3. Пијте зелен чај за да ја надминете нередовната менструација

Тој го исполнува вашиот систем со антиоксиданси кои го подобруваат метаболизмот и ве држат активни, дури и за време на менструацијата.

4. Одбирајте избалансирана исхрана

Редовната менструација е резултат на балансирана исхрана, но и протеини. Урдата, оревите, бадемите, кикириките, тврдо варените јајца – вклучете ги во вашиот дневен режим на исхрана.

Растителните протеини се особено корисни за одржување на хормоналниот баланс.

5. Природно чоколадо

Темното чоколадо помага за регулирање на менструалниот циклус, бидејќи е богато со флавоноиди и ја подобрува циркулацијата на крвта. Овие флавоноиди исто така го подобруваат здравјето на јајниците и  нивото на допамин.

6. Витамин Д

Туна, жолчка од јајце, обезмастено млеко, лосос, сите тие го збогатуваат вашиот организам со витамин D, кој го подобрува функционирањето на клетките и го регулира балансот на хормоните.

7. Додатоци со железо

Често, кога не внесувате доволно зеленчук и храна богата со железо  може да влијае на менструалниот циклус.  Дефицитот на железо во организмот е причина за анемија и прекумерен замор.