Порано сите едвај чекавме да ги видиме прекрасните девојки во црвени костими за капење, во хит серијата на 90-те години, „Спасувачи на плажа“. Ѕвезда на серијата беше Памела Андерсон, но таа имаше и достојна конкуренција.

Од тогаш поминаа 20 години и како што знаеме, времето не простува никому, а токму за ова е доказ и една од најомилените ѕвезди на оваа серија, актерката Јасмин Блит, која ја толкуваше улогата на спасувачката Керолајн Холден.

Иако таа стекна огромна популарноста благодарение на оваа филмска улога, сепак нејзината кариера брзо се распадна, а нејзиното име постојано се поврзуваше со скандали со дрога, при што во 2001-та година, актерката дури беше уапсена за поседување кокаин и беше осудена на 2 години условна затворска казна.

По сите непријатни ситуации и по долго време, актерката неодамна беше забележана на улиците во Лос Анџелес, а нејзините фанови едноставно не можат да ја препознаат.