Поради коронавирусот кој моментално владее во Европа, медиумите моментално заборавија на неодамнешниот кралски скандал при кој Меган и Хари се одделија од семејството и заминаа за Канада.

Но, сега овие денови медиумите во Велика Британија повторно се активираа на оваа тема и според истите, младиот пар веќе и официјално објави дека ќе се врати на островот, а нивната преселба назад е закажана за ова лето.

Всушност не станува збор за трајна преселба, туку покана од кралицата Елизабета Втора семејството во летниот период повторно да се собере заедно и одморот да го помине во замокот Балморал.

Медиумите истакнуваат дека тоа се должи на фактот што минатата година Меган и Хари се откажале од ваквиот заеднички одмор, бидејќи нивниот син Арчи бил премногу мал, но сега со задоволство ја прифатиле поканата.