Постои ли дама која сака да биде разгалена? Козметичките третмани не само што се пријатни, но дел од нив, за жал, се и доста скапи. Затоа, повеќето жени ретко може да се дозволат секојдневно да ги посетуваат салоните за убавина.

Но, за славните дами кои располагаат со милиони тоа не претставува никаков проблем. Во продолжение ви ги претставуваме најрасипничките навики за разубавување на ѕвездите, за кои воопшто не штедат:

1. Кејт Мидлтон

Кожата на војвотката од Кембриџ изгледа помлада благодарение на третмани со пчелин отров. Еден третман чини 330 евра.

2. Џиџи Хадид

За време на еден јавен настан, славната манекенка на црвениот тепих се појави со маникир вреден 2600 евра.

3. Мила Кунис

Актерката користи маска на база на разни видови на скапоцен камен, кои служат за ексфолијација. Вредноста на оваа маска изнесува 9000 евра.

4. Селин Дион

Американските медиуми пишуваат дека славната пејачка за една пригода платила 2 милиони евра за специјален навлажнувач на воздух, за одржување на здравјето на нејзините гласни жици.

5. Викторија Бекам

Дизајнерката често користи маски подготвени од ретки состојки, како овча плацента или состојки донесени специјално до Нов Зеланд. Една таква маска чини 680 евра.

6. Мадона

Пејачката во едно интервју откри дека има купено антицелулитна машина вредна 100.000 евра.

7. Ријана

За косата на славната пејачка да изгледа секогаш гламурозно и совршено, Ријана го плаќа својот личен фризер по 30.000 евра секој месец.