Синди Крафорд открива дека се соочила со дискриминација поради својата возраст, откако продолжила активно да се занимава со моделската кариера во нејзините 50-те години.

53-годишната Синди, која важи за легендарен супермодел од 90-те години, е во долгогодишен и успешен брак со  Ранд Гербер, а заедно се родители на 19-годишниот Пресли и 17-годишната Каја.

Таа по повод настан на WWD, зборуваше за брендот „Значајна убавина“ (анг. „Meaningful Beauty“), кој заедно го основаше со  Грег Ренкер.

Манекенката се присетува на еден непријатен коментар кој го добила на својот Инстаграм профил:

„Имав објавено една модна фотографија и одоздола ми напишаа зошто сè уште се занимавам со тоа, на мојата возраст? Бев малку збунета и изненадена, зарем постои возраст на која телото не е убаво? Тоа е само различен вид на убавина. Тоа е причината зошто сè уште ги снимам фотосесиите.“- објаснува Синди.

Таа од неодамна сними фотосесија по повод насловната страна на новата книга на писателот Расел Џејмс.

Бидејќи се уште е во контакт и си останатите манекенки од нејзината генерација, како Кристи Тарлингтон, при што Синди открива дека и тие се соочиле со дискриминација поради нивната година.

„Ние сакаме да им покажеме на жените кои се во петтата деценија од својот живот, дека во нив сè уште постои неверојатна убавина“- додава таа.

Воедно, славната манекенка признава со текот на времето, кариерата на модел станала малку потешка за справување.

„Будењето наутро е малку потешко сега. Воедно, многу вложувам во негата на мојата кожа. Избегнувам да се сончам, не пушам цигари, пијам многу вода и имам квалитетен сон. Сметам дека тоа се најважните работи, клучни да изгледате и да се чувствувате прекрасно на било која возраст“- вели манекенката.

Таа сака да им пренесе на жените дека не треба да им придаваат значење на критиките, бидејќи вредноста на убавина не се намалува со текот на годините.