Денес ви го откриваме најдобриот рецепт како да ги приготвите најсоврешние мекици, без јајца, со кисело млеко, брашно и шеќер, а крајните резултати ќе бидат помеки и понеодоливи од било кои други мекици! Еве и како да ги направите уште денес!

Најдобрите мекици без јајца

Денес ви го откриваме најдобриот рецепт како да ги приготвите најсоврешние мекици, без јајца, со кисело млеко, брашно и шеќер, а крајните резултати ќе бидат помеки и понеодоливи од било кои други мекици! Еве и како да ги направите уште денес!
Вкупно време30 минути
Оброк: Појадок
Кујна: Турска
Клучни зборови: мекици

Состојки

  • 250 мл кисело млеко
  • 200 гр брашно
  • 1 супена лажица шеќер
  • Половина кафена шолја сода бикарбона
  • 1 прстофат сол
  • Колку што е потребно растително масло за пржење

Начин на подготовка

  • Во соодветен сад, исипете го киселото млеко на собна температура и додадете ги солта и содата.
  • Следно, додадете шеќер, а потоа постепено додадете го пресеаното брашно и изматете до добивање на густо тесто за мекиците. Оставете го тестото да отстои 5 минути.
  • Во меѓувреме загрејте го маслото во тава. Додадете околу 1 супена лажица тесто во маслото и испржете и од двете страни на умерен оган, до добивање на златно-кафеава боја.