Во нашата кујна неретко се сместени најдобрите домашни лекови за нашето здравје, кожа и коса. Денес ви го претставуваме најдобриот рецепт за домашна маска со сода бикарбона.

Таа може да се користи како мицеларна вода, а измешана со правилните состојки, содата бикарбона ќе го направи вашето лице едноставно совршено и беспрекорно. Ефикасно ќе го исчисти лицето од акни, успешно ќе ги елиминира брчките и сите останати несоврешности, ќе го подобри и осветли тенот и текстурата на кожата и ќе ја омекне истата.

Најдобрата домашна маска за лице со сода бикарбона

Потребни состојки

  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • Половина краставица
  • Половина кафена лажица јаболков оцет
  • 1 кафена лажица овесна каша
  • 1 кафена лажица мед
  • 1 белка

Начин на подготовка и употреба

Измешајте ги сите состојки заедно во блендер, до добивање на една соединета смеса. Добиената маска нанесете ја на вашето лице и оставете ја да дејствува 15 минути. Поради малото количество на сода, може да ја оставите маската на лицето и подолго време.

При нанесувањето на маската, истовремено масирајте ја кожата, а на крај исплакнете со топла вода.

Активните елементи во сите дадени состојки длабоко ќе ја прочистат кожата, а ефектот веднаш ќе го почувствувате.