Безброј пати имаме зборувано за знаците на стареење, кои првично и најмногу се одразуваат на кожата и кои се винови за појавата на брчките и разни други непријатни појави. Но, најмалку внимание обраќаме на вратот кога станува збор за стареењето.

Токму за оваа цел, денес ви го претставуваме најдобриот домашен рецепт за чудесдна маска со моќен затегнувачки и подмладувачки ефект. Еве како лесно може да ја приготвите уште денес:

Моќна затегнувачка маска за врат

Потребни состојки

  • 2 супени лажици мед
  • 1 жолчка
  • 1 супена лажица бадемово масло

Начин на подготовка и употреба

Добро измешајте ги сите состојки заедно до добивање на една соединета смеса. Потопете козметичко марамче во вода, со цел да го исплакнете од растворот што го содржи, а потоа марамчето потопете го во домашната смеса. Поставете го марамчето врз вашиот врат и оставете ја маската да дејствува 20-30 минути. Пред да ја нанесете маската, поставете најпрво топла облога на вратот, за да ја омекнете малку кожата.

Зошто оваа маска е ефикасна?

Ефикасноста на оваа домашна маска се должи на 3 чудесни состојки со моќни својства проти стареење:

  • Мед: Ја затоплува кожата, ги активира метаболичките процеси и ја заситува кожата со потребните микро и макроелементи.
  • Жолчка: Богата со витамини, содржи високо количество на холин кој ја има водечката улога во борбата за обновување на клетките.
  • Бадемово масло: Интензивно ја потхранува и навлажнува кожата, ја измазнува текстурата, ја враќа нејзината еластичност и го враќа сјајот.