Покрај брчките и акните, црнките се еден од најчестите проблеми кај многу мажи и жени, кога станува збор за нега на кожата, чие елиминирање некогаш изгледа како невозможна мисија. Но, токму денес ви откриваме како на природен начин, брзо и лесно истите да бидат минато!

Домашна маска за лице против црнки

Потребни состојки

  • 1 лажица желатин
  • 2-3 супени лажици млеко

Начин на подготовка и употреба

Добро измешајте ги желатинот и млекото до добивање на една соединета смеса, а потоа истата поставете ја 15 секунди во микробранова печка. Пред да ја нанесете маската, добро промешајте, а потоа со обична четка за маска, нанесете ја смесата на лицето и оставете ја да дејствува 15-20 минути, а потоа отстранете ја.

Доколку имате чувствителна кожа, не се препорачува употребата на ваков тип на маска.