Во светот има десетици илјади различни видови овошје, и колку и да се невообичаени, тие се дел од секојдневната исхрана на луѓето од  различни делови на светот, иако не изгледаат како да се од оваа планета.

Смрдеж

Дуријан е плод од дрвото Дурио, кој е бодлив однадвор и кремаст однатре. Ова необично овошје смрди толку многу што е забрането да го носите со себе во некои хотели и авиони во Југоисточна Азија. Неговиот мирис е опишан како комбинација на расипан кромид и канализација, а понекогаш може да се почувствува и од поголемо растојание. Се разбира, ова е азиска деликатес и затоа многумина сакаат да го пробаат. Се додава на сè, од палачинки до сладолед до сос за тестенини.

Националната гордост

Аки, тропското овошје кое реддовно се наоѓа на трпезата во Јамајка,  во комбинација со солена риба е нивно национално јадење. Оваа моќна комбинација се наоѓа и на менито на најбрзиот човек на светот – Усеин Болт. Иако се користи во Јамајка, акито потекнуваа од Западна Африка, а пристигнало на Карибите пред околу 400 години.

Кисели бомби

Можете да ги вкусите Асам келуби (асам паја или елејодокс) на Борнео, но ќе ви се допадне само ако сакате кисело. Плодот е мал и тркалезен покриен со груба кора, а жителите на островот го користат за готвење.

Лажни бонбони

Покок Аџаиб расте во Западна Африка и Азија и има навистина чудесни способности. Малите црвени бобинки содржат миракулин што го лаже чувството за вкус правејќи се што е горчливо и кисело да има вкус на слатко, поради тоа со векови се користи како здрава замена за шеќер. Бобинки се кисели сами по себе, без изразени ароми.

Вимето на кравата

Solanum mammosum е отровно овошје кое има бројни креативни имиња на различни јазици како што се овошје со брадавица, виме од крава или глава на лисица, поради специфичната форма. Плодот се одгледува за украсни цели, а во Азија се смета дека носи изобилство. Solanum mammosum е во семејството на модар патлиџан, домати и компири и не треба да се јаде затоа што е отровно – предизвикува гадење и повраќање . Потекнува од Јужна Америка, но се одгледува и во Азија, Мексико и Карибите.

Чудесно дрво

На Филипините можете да најдете калабаш или чудесно дрво на кое растат големи и тркалезни, зелени плодови, чија тежина може да достигне и до осум килограми. Настрана фактот дека сигурно можете да вежбате со нив, на Филипините кората се користи како замена за чинии. Внатрешноста е бела, без изразен вкус и мирис, но не се препорачува да се јаде во големи количини бидејќи може да предизвика гадење.

Пина колада од дрво

Monstera deliciosa е овошје кое треба да биде придружено со брошура со упатство за употреба. Незрело овошје е полно со оксална киселина, супстанца што се користи за белење на дрво. Оние кои грешат и го јадат пред да созрее ризикуваат сериозна иритација на грлото и кожата. Сепак, зрелото овошје е навистина вкусно.

Научното име Monstera deliciosa, што сугерира дека е „вкусно чудовиште“, се должи на необичниот, перфориран изглед, поради што е наречено и „швајцарско сирење“. Некои од растенијата од ова семејство чудовишта се користат како украсни растенија, но не даваат плод. Кога е целосно зрело, монстерата нуди прекрасна комбинација на силни тропски вкусови како ананас, кокос и банана.

Невообичаени мешунки

Зад името месквит се кријат околу 40 видови на различни видови ниски дрвја кои растат во сончеви и суви делови на Америка. Мешунките што растат на дрвјата се јадат како овошје, но многу почесто се мелат во брашно. Мешунките содржат семиња со големина на оние во јаболката. Вкусот на овошјето потсетува на пченка или грашок, а поради тврдата, влакнеста текстура на мешунката, подобро е да го користите  како замена за кафе или брашно без глутен.

Џуџести банани

Банана со илјада прсти е еден од најневообичаените видови банани во светот. Минијатурните плодови растат во огромен куп од стотици банани, долги само неколку сантиметри. Изгледаат како овошје прилагодено за некои џуџести суштества и се лупат како и сите други.

Дрвото на знаењето

Коко де мер е најголемиот орев и најтешкиот плод што расте на Сејшели. Украсен е со живописни имиња како што се плодови од дама или џиновски задник. Освен самиот изглед, необични се и островските приказни кои се вртат околу овој овошен гигант. Според народните легенди, огромните ореви доаѓаат од дното на океанот, а некои го сметаат за рајско овошје, дури и нарекувајќи го плод на знаење. Исто така се вели дека морскиот кокос бил проколнат, а се користел и за разни ритуали и лек за отрови