Мрсната коса е најголемиот кошмар на една жена. Најчесто, токму тогаш кога треба да изгледате совршено, вашата фризура е уништена од мрсната текстура, а прекумереното миење не е решение.

Мрсната коса може да биде здравствен проблем, доколку се појавува премногу често, а ова се едни од најчестите причини за истата:

1. Гени

Количеството на себум, што се образува во фоликулите на влакната е наследен фактор. Ако вашите родители или роднини имаат коса која се масти пречесто, тогаш не би било никакво изненадување и вие да го имате овој проблем.

2. Живеете во регион со висока влажност на воздухот

Овој фактор ја зголемува активноста на масните жлезди и затоа ако живеете на место со висока влажност, тогаш не бидете изненадени ако пречесто имате мрсна коса.

3. Имате хормонски проблеми

Активноста на масните жлезди исклучиво многу зависи и од самите хормони, особено од андрогените и естрогенот. Ако вашиот хормонски балас се има променето, тоа несомнено ќе се одрази на вашата коса. Причини за можни промени може да бидат употребата на контрацептивни апчиња, пубертет, бременост, менопауза.

4. Стрес

Хормонот на стрес т.е кортизолот исто така влијае врз работата на масните жлезди. Колку повисоко е неговото ниво, толку повеќе масти произведува кожата и толку побрзо косата се масти.