Кокосовото масло ефикасно ја хидреатира оштетената коса, додека жолчките, кои се богати со протеини, го негуваат коренот на косата. Обединети, во комбинација со медот, може да направат чуда за безживотната коса, оштетена од бројни третмани.

Домашна маска за целосно обновување на косата

Потребни состојки

  • 3 лажици ладно цедено масло од кокос
  • 2 жолчки од јајца
  • лажица мед

Начин на подготовка и употреба

Додадете три лажици кокосово масло во  соодветен сад, додадете две жолчки од јајца, а потоа и лажица мед. Добро измешајте ги сите состојки заедно, до добивање на една хомогена смеса. Добиена маска нанесете ја маската на вашата коса и оставете ја да дејствува еден час.